ТИРОСИ

 

Уникатна комбинација од Спирулина и Калиум јодид

  • 100 mg прашок од Спирулина;
  • 196,21 µg Калиум јодид;
  • Една капсула содржи чист Јод од 150 µg (препорачан дневен внес);

Кој треба да го употребува ТИРОСИ:

  • Бремени жени
  • Пациенти на диета без сол ( хипертензија и сл)
  • Тинејџери, над 14 години, заради рапидниот раст
  • Болни од хипотитироидизам, само во услови на недостаток на јод
  • Постари луѓе
  • Спортисти
  • Луѓе со зголемени дневни активности кои нередовно се хранат
  • Население подложно на зголемено радијациско зрачење

Зошто е потребен ТИРОСИ

Тироси содржи прашок од спирулина и 196,21 µg Калиум јодид, од кој чист Јод е 150 µg. Јодот е од есенцијално значење во формирањето на двата тироидни хормони Т3 и Т4. Во услови на јоден дефицит се компромитира единствената познатa, но многу значајна физиолошка улога на јодот, синтезата на тироидни хормони. Недостатокот на јод може да доведе до:

  • Во бременоста, недостаток на јод доведува до зголемен ризик од спонтан абортус, вродени аномалии на фетусот, оштетување на слухот и говорот, психомоторни дефекти, заостанување на менталниот и интелектуалниот развој на детето од различен степен;
  • Во детството и адолесценцијата последиците се струма, забавен физички развој,  лесно намалување на интелегенцијата;
  • Кај возрасните предизвикува струма, хипотироидизам,  намалени ментални функции и намален фертилитет (репродукција).

Спирулината Содржи:

  • 65 - 70% протеини, со сите есенцијални амино киселини, перфектно балансирани
  • Минерални макро и микро елементи: натриум, калциум, магнезиум, калиум, сулфур, фосфор, јод, железо, цинк, бакар, селен, молибден, флуориди
  • Витамини: B2, C, E, B12, бета-каротен
  • Богата со фитонутритиенти и антиоксиданси
  • Мукополисахариди, манитол, нуклеински киселини, алгининска киселина, растителни влакна и др.

Со внесување една капсула на ден ТИРОСИ, ќе овозможите:

  • нормално функционирање на тироидната жлезда;
  • зајакнување на имуниот систем;
  • подобрување на физичкото и ментално здравје.

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот